ВИДЕО | Бежовски: Заев од нејасни причини ги напушта функциите

Александар Бежовски / Утрински брифинг
Александар Бежовски / Утрински брифинг

Адвокатот Александар Бежоски, има свој блог на кој е активен уште од времето кога требаше да се крене гласот за демократија. Во последната колумна е прилично критички настроен за враќањето на старите кадри во ВМРО ДПМНЕ, имајќи го предвид Зоран Ставрески.

-Во 2016 година очекував дека ВМРО ДПМНЕ ќе биде првата партија која ќе внесе демократски дух во партиите, но ете сега тоа го стори СДСМ. Старата матрица на избирање лидери на партијата треба да се напушти, треба да има директна демократија во партиите бидејќи ние како земја се стремиме кон Европа и европските вредности, вели Бежовски.

Тој вели дека од нејасни причини Зоран Заев излегува од Владата иако негов придонес е и внатрепартиската демократија, а има и успеси како влезот во НАТО на пример.

-Веројатно фотелјите имаат некоја мистика. Мислам дека е време да се повлече и Али Ахмети, а колку што знам постои незадооволство од Христијан Мицкоски и дека може на негово место да дојде Никола Поповски, вели Бежовски.

Бежовски е дел од невладиниот свет и тој како активист вели дека и таму има две страни.

-Некои структури придонесоа за демократско придвижување кон Запад, но кога се приклучија кон власта загубија во очите на јавноста и самите се изгубија, вели Бежовски.

Опозицијата ги доби локалните избори, но Владата се одржува. Бежовски вели дека ВМРО ДПМНЕ нема поддршка од странските партнери. Тој очекува дека по конгресот на оваа партија ќе мора да се случи некое демократизирање на партијата, а доказ дека не е демократизирана е токму ова тело за контрола на градоначалниците во кое членува и Ставревски.

-ВМРО ДПМНЕ имаат проблем со финансирањето, очигледно тие се учени да располагаат со многу пари. Но, вакво тело, со кадри од минатото, кое ќе ги контролира градоначалниците не делува добро. И СДСМ есто така е прилично затворена партија. Инаку т.н. „скопско лоби“ му забележа на Заев дека донел кадри главно од надвор од Скопје кои му се блиски соработници. Тројцата кандидати за претседател на партијата имаат главни точки околу кои се согласуваат како што е европскиот пат и обединувањето и демократизирањето на оваа партија, вели Бежовски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот