ВИДЕО: Бензема „наредува“ да не се додава топката на другиот напаѓач на Реал!

фото:твитер

Видеото е објавено од „Телефут“ кое ги зачуди љубителите на фудбалот ширум светот. Реал Мадрид извлече бод против Борусија Менхенгладбах во второто коло од групата „Б“ од Лигата на шампионите.

„Кралскиот“ клуб губеше со 2:0 до 87 минута и беше на прагот на вториот пораз во најсилното европско натпреварување. Но, на крајот од натпреварот успеа да постигне два гола и да го освои првиот бод во новата сезона.

Како ден е јасно дека нешто не е во ред оваа сезона во Реал. Видеото што се појави по мечот со Борусија потврдува дека меѓусебните односи во тимот се далеку од идеални.

Имено, „Телефут“ објави снимка на која се слуша разговорот на играчите од тунелот на полувремето од мечот. Фудбалерите на Реал чекаа да излезат на терен и да разговараат, а главниот збор го водеше Французинот Карим Бензема.

– Дајте ја топката на мене, а не на него (Винисиус). Тој игра против нас – му рече Бензема на збунетиот Менди.

Винисиус Јуниор честопати имаше проблеми со реализацијата во последно време, па неговите соиграчи очигледно го избегнуваат. Истиот случај е со Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач ретко добива шанса, а кога ќе ја добие, скоро и да не ја допира топката. Сега е јасно зошто.

Бензема и Каземиро го спасија Реал од нов срам во ЛШ (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот