Бензема и Каземиро го спасија Реал од нов срам во ЛШ (ВИДЕО)
Реал Мадрид со гол во четвртата минута од судиското продолжение успеа да се спаси од пораз во второто коло од ЛШ.
Реал Мадрид благодарение на Каземиро одигра 2:2 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, а германскиот тим до 87. минута имаше предност од 2:0. Борусија поведе со головите на Турам, а Реал Мадрид успеа да се спаси од втор пораз во ЛШ сезоната и тоа во самиот финиш.
Прво Бензема во 87. минута намали на 2:1, а Каземиро во 94. минута беше најприсебен пред голот на Зомер и му донесе бод на својот тим.
Од пораз и негатива од 0:2 се спасуваше и Аталанта во дуелот со Ајакс, но италијанскиот тим работата ја заврши многу порано. Холандскиот тим со головите на Тадиќ и Траоре во првиот дел имаше водство од 0:2, но на почетокот од второто полувреме, Дуван Запата со головите во 54. и 60 минута донесе израмнување и ја спаси Аталанта од пораз.
Останатите фаворити остварија победи, Атлетико Мадрид со голот на Жоао Феликс во 85. минута го совлада Салцбург со 3:2, Ливерпул со 2:0 го победи Митјиланд, а Манчестер сити со 0:3 славеше на гостувањето кај Олимик Марсеј.
Група А
Локомотив М. – Баерн М. 1:2
Атлетико М. – Салцбург 3:0
Група Б
Шахтјор – Интер 0:0
Б. Менхенгладбах – Реал М. 2:2
Група Ц
Марсеј – Манчестер С. 0:3
Порто – Олимпијакос 2:0
Група Д
Ливерпул – Митјиланд 2:0
Аталанта – Ајакс 2:2