ВИДЕО: Бенфика, Малме и Јанг Бојс на чекор до Лигата на шампионите!

Португалската Бенфика славеше минимално со холандскиот ПСВ/Фото: EPA-EFE/MARIO CRUZ

На првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групите на Лигата на шампионите, составот на Бенфика со 2:1 триумфираше над ПСВ.

Португалците водеа со головите на Силва и Вајгл, а Холанѓаните го ублажија поразот на стартот од второто полувреме преку Гакпо.

Шведскиот Малме стекна убава предност на домашен терен славеше против бугарскиот Лудогорец (2:0) со погодоците на Бирманчевиќ и Бергет.

Јанг Бојс со 3:2 беше подобар од Ференцварош, иако Унгарците водеа од 14 минута со голот на Боли, само 120 секунди подоцна израмни Елија.

Во 25 минута швајцарскиот претставник остана без еден играч на теренот, поради црвениот картон на Хефти кој фаулираше во казнетиот простор. Узуни не беше прецизен од белата точка, а казната стигна во 40 минута кога за 2:1 се погрижи Сиеро.


И со фудбалер помалку успеаја домаќините да дојдат и до трет гол во 65 минута кога стрелаше Гарсија, а во 82 минута конечниот епилог го постави Боли со својот втор гол на мечот.

ВИДЕО: Шериф го изненади Динамо, Ристовски и Адеми со тешка задача на „Максимир“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот