ВИДЕО: Шериф го изненади Динамо, Ристовски и Адеми со тешка задача на „Максимир“

Адеми не беше во составот на Динамо, цел меч за Ристовски против Шериф/Фото: EPA-EFE/Piotr Nowa

Започнаа возбудувањата во плеј-офот како последна пречка на патот кон групите во Лигата на шампионите, Динамо Загреб беше убедливо поразен на гостувањето кај Шериф Тираспол (3:0).

Молдавскиот претставник има голема шанса да влезе во групите на ЛШ, денеска со двата гола на Траоре и еден на Коловос стигна до високата победа над „модрите“.

Во составот на хрватскиот шампион како што и беше најавено не се најде македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој и натаму не е доволно опоравен од повредата, а Стефан Ристовски го одигра целиот меч во Молдавија. Реваншот на „Максимир“ во Загреб ќе се игра на 25 август.

Исто така блиску до групите на најголемото европско клупско натпреварување е и украинскиот Шахтјор Доњецк кој славеше кај Монако во Франција со 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Педрињо во 19 минута од мечот на стадионот „Луј Втори“.

Салцбург ќе патува со предност во Данска, откако со 2:1 го совлада Брондби. Иако Данците поведоа уште во четвртата минута со голот на Уре, Австријците направија целосен пресврт во второто полувреме благодарение на Адејеми и Аронсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот