ВИДЕО: Барса и Јунајтед одиграа спектакуларен меч на Камп Ноу, одлуката паѓа на „Олд Трафорд“

фото: EPA-EFE/Siu Wu

Во првиот натпревар од плеј-офот за влез во осминафиналето на Лига Европа ремизираа екипите на Барселона и Манчестер јунајтед со резултат 2:2.

Немаше голови во првото полувреме, но затоа во вториот дел беа расположени стрелците на стадионот „Камп Ноу“. Во 50 минута Алонсо донесе предност за каталонскиот гигант, само три минути подоцна израмнија „црвените ѓаволи“ преку Рашфорд. Во 59 минута Јунајтед беше во позитива по автоголот на Кунде, а Барса го избегна поразот во 76 минута со погодокот на Рафиња.

Мируваа мрежите на натпреварот Ајакс – Унион Берлин (0:0), а Рома загуби на гостувањето кај Салцбург со 1:0. Триумф за Австријците донесе Капалдо по асистенцијата на Павловиќ во 88 минута од средбата.

Шахтјор Доњецк славеше минимално над Рен со 2:1, Украинците поради воената состојба во нивната земја како домаќини ги пречекаа Французите во Варшава, Полска.

Во 11 минута Шахтјор стрелаше за водство кое го донесе Крискив, а непосредно пред паузата од пенал за 2:0 се погрижи Бондаренко. Рен до крајот на мечот успеа да го ублажи поразот во 59 минута со голот Токо Екамби. Реванш натпреварите ќе се играат на 23 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот