ВИДЕО: Бајден го прекрши правилото за носење маски, а штотуку го донесе

Џо Бајден

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки го бранеше претседателот на САД Џо Бајден, бидејќи не носеше заштитна маска, што е спротивно на неговите правила.

Новиот шеф на држава донесе правило за задолжително носење маски во федерални институции, а тој наводно не го направил тоа за време на прославата на инаугурацијата, само неколку моменти откако го потпиша указот за таа одлука, наведува „News.com.au“.

Новинар ја праша Псаки каков пример дава претседателот на јавноста, а таа му одговори дека тој „вечерта славел историски ден“.

Псаки рекла дека „Бајден води со пример“ кога станува збор за носење маски.

„Мислам дека моќта на неговите ветувања се гледа во тоа што тој потпиша 25 укази, а речиси половина од нив беа поврзани со коронавирусот“, рекла таа.

„Средата беше историски момент за нашата земја, тој беше инаугуриран како претседател на Америка, во друштво на фамилијата. Преземавме мерки на претпазливост, но мислам дека имаме поголеми работи за кои би требало да се грижиме во моментот“, додала портпаролката.

Како што наведуваат медиумите, никој од деветте членови на фамилијата за време на прославата на инаугурацијата не носел маска.

Бајден вчера повторно апелираше до Американците да стават маски во наредните 99 дена, и предупреди дека бројката на жртвите од ковид-19 во февруари ќе достигне цифра од 500.000.

Бајден: Следниот месец во САД ќе има 500.000 починати од ковид-19

Извор: Телеграф.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот