ВИДЕО | Бајага: Ме викаа да пеам на предизборни кампањи во Македонија, но одбив

Фото: Промо

Момчило Бајагиќ – Бајага напишал и испеал многу хитови, а една од песните која е специфична е „Паѓа Владата“ (Пада Влада) поради која имал проблеми, и веќе не ја пее на концертите. Токму оваа е една од приказните кои српскиот рокер му ги раскажа на Жаре, во емисијата „Еден на Еден“ која ќе ја гледаме в недела, од 18.30 на Канал 5.

Песната, Бајага ја напишал за филмот „Професионалец“.

– Тој текст го напиша режисерот Душан Ковачевиќ тој главно за своите филмови пишува текстови, за песните кои одат во филмот. Текстот е тотално негов, но песната е со мене поврана. Но, на крајот беше доста тешко да се направи музика. Потоа ми се случуваше да заминам во Словенија, таму се избори, и ме вика и едната и другата страна да ја пеам таа песна. Јас тоа не сакав да го правам Никогаш не сум ја свирел таа песна во кампања, затоа што мислам дека тоа е без врска. Тоа е песна од филм, јас воопшто не сакам да се занимавам со политика. И во Македонија ме викаа. Јас следам што се случува во Македонија, но кога се изборите кај вас, не можам да знам точно кој што застапува. Право да ви кажам, не знам ни во Србија, а камо ли тука и не би сакал да згрешам. А имам доста пријатели, и не можам секого да прашувам од нив кого кој поддржува – рече Бајага во „Еден на Еден“.

Додаде и дека после една тепачка на концерт во Кочани, кога се судриле навивачите на „Партизан“ и на „Црвена ѕвезда“ додека тој ја пеел песната навивачката песна „Ѕвезда“, решил веќе да ја нема на репертоарот на концертите, ниту таа ниту „Пада Влада“.

Во продолжение, погледнете го видеото како мал дел од интересните муабети со Бајага кои ќе ги гледаме в недела од 18:30 на Канал 5.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот