ВИДЕО: Баерн доминираше против Мајнц, осум гола на „Алијанц арената“

Баерн продолжува да биде ефикасен во Бундеслигата/фото: EPA-EFE/LEONHARD SIMON

Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Мајнц на Алијанц арената со 6:2 во 12 коло од Бундес лигата.

Во петтата минута предност за баварскиот гигант донесе Гнабри, за 2:0 во 28 минута се погрижи Мусиала.

Во 43 минута Мане не беше прецизен од пенал, но веднаш се поправи во следниот момент. Нешто слично пред крајот на првото полувреме се случи и на спротивната страна, Буркард не постигна гол од белата точка, но Видмер реагираше во прав момент и намали на 3:1.

Горецка се запиша во листата на стрелците во 58 минута за 4:1, по асистенцијата на Сабицер во 79 минута петтиот погодок на домашната екипа го реализираше Тел. За 5:2 во 8:2 минута стрелаше Ингвартсен, а конечниот епилог го постави Чупо-Мотинг.

На табелата Баерн е на првото место со 25 бодови, додека Мајнц после четвртиот пораз се наоѓа на осмата позиција со 18 бодови. Во другите денешни мечеви: Лајпциг – Баер Леверкузен 2:0, Штутгарт – Аугсбург 2:1 и Волфсбург – Бохум 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот