ВИДЕО | Андоновиќ: Тенковите за Украина ќе бидат испорачани, но чија ќе биде посадата која ќе управува со нив?

Анализа со Дејан Андоновиќ / Фото Слободен печат

По неколкумесечни натегања и притисоци германскиот канцелар Олаф Шолц одлучи да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина и да им дозволи на другите земји како Полска да го сторат тоа.

Вкупно 12 земји се согласија да испратат околу 100 тенкови „Леопард 2“ во Украина, вклучително и Германија, земјата каде што се произведени овие тенкови.

Договорот за 100 тенкови беше постигнат минатата недела на состанокот на западните земји во американската воздухопловна база во Рамштајн, Германија, каде сојузниците разговараа како да и помогнат на Украина во војната со Русија, додека Германија конечно вчера ја донесе својата одлука.

Проблемот со испораката на тенковите е резултат на проценките на германските воени екесперти дека „Леопард 2“ е скап тенк кој тешко и скапо се одржува. Дополнително, Германија одбиваше да ги испорача овие тенка бидејќи, од околу 300 тенка кои ги поседува Бундесверот, доколку бидат испорачани дел во Украина, ќе се подрие борбената и одбранбена моќ на земјата.

Украински тенкови / Фото: Profimedia

Од друга страна, неколку држави, меѓу кои и Полска, иако со едвај сто вакви тенкови, инсистираше да испрати дел од својата оклопна техника за потребите на украинската војска. Сите држави, кои имаат купено тенкови од типот „Леопард 2“ се обврзани со договор, да мораат да добијат дозвола од Германија доколку сакаат да ги отстапат тенковите на трети земји. Германија се најде под притисок и на Вашингтон кој бараше Берлин да дозволи испраќање на тенкови.

Што се однесува до американскиот „Абрамс“, САД најпрво се противеа, но подоцна се согласија да испратат оклу 30 вакви тенкови во Украина. И „Абрамсот“ и „Леопардот“ се скапа воена техника која многу троши гориво и е скапо за одржување, па оттаму и сомнежот колку Украинците во воени услови би можеле да го држат во техничка исправност ова скапо оружје.

Тука се разбира се и британските „Челинџер“ а 14 од овој тип на тенкови први беа договорени за испорака за потребите на Украина.

Според досегашната одлука договорено е украинската армија да добие 30 американски „Абрамси“ и тенкови од типот „Леопард“ и плус од типот „Челинџер“.

Воените ексепрти и стратези веќе наголемо анализираат дали овие тенкови се доволни за престојната, сѐ поизвесна, копнена офанзива на руската армија, за која се претпоставува дека по артилеријата, главана улога во борбените дејствија ќе ја имаат тенковите. Се прогнозира дека е можно во наредните месеци да дојде и до тенковски битки, чиј размер би бил со оние видени во Втората светска војна.

Британските „Челинџер“, „М1 Абрамс“ и „Леопард 2“ спаѓаат во категоријата тешки тенкови. Еден Абрамс има 75 тони, Челинџер 65, а Леопард 62-65 тони, се зависи од понудената верзија, што е огромна тежина за Украина. Тие користат руски тенкови кои не надминуваат тежина од 40 тони.

Тенк Леопард/ Фото ABACA / Abaca Press / Profimedia

Но не се работи само за нивната бројка, техничките карактеристики или одржувањето. Одлуката за испраќање на тенкови во Украина, јавно го постави прашањето за посадата која ќе управува со нив.

Јасно е дека, за ефектна употреба, управување и борбено дејствување со тенкот, посадата мора да има адекватна воена обука. Ако се земе во предвид дека се работи за модерно оружје и е наменето за армија која досега имала искуство со тенкови од совестко производство стари и по 40 години, се поставува прашањето чии посади ќе ги опслужувата тенковите.

Тенковите, како дискутабилни поради нивната уникатност и украинскиот недостаток на обука за ракување со нив. За одржување на таков мотор се потребни 4 лица, а кога тенк ќе се расипе на терен, тој мотор, кога ќе се извади, мора да биде проследен на американска територија на поправка, велат експертите.

Од друга страна повеќе од јасно е дека тенкот е куп железо и нема никаква употреба без соодветен екипаж.

Сето ова упатува дека заедно со тенковите, во Украина ќе мора да бидат ангажирани и екипажите на овие земји.

Тоа значи дека во евентуални борбени дејствија, ќе додје до судир на овие членки на НАТО со Руската војска.
Ова пак само ги потврдува обвинувањата на Москва дека војници од армите на НАТО се директно вмешани во воените дејствија во Украина, обвинувања кои алијансата досега ги отфрлаше.

Доколку пак дојде до долгонајавената офанзива и тенковиски битки, останува да се види како овие модерни тенкови ќе се покажат на теренот и како ќе се носат против руските модернизирани тенкови Т90.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот