ВИДЕО | Андоновиќ: Мистериозно летало се урна во Загреб – Нејасна мисијата на украинскиот дрон над Хрватска

Летечки објект падна во Загреб/ Фото: Принтскрин

Силна експлозија одекнала во Загреб синоќа околу 23 часот, на која и претходел пад на објект од воздух, потврди полицијата.

И покрај целосната информативна блокада  за тоа што се случило, според првичните информации се работи за објект, беслиплотно летало дрон од украинско потекло кое започнало да паѓа од небото и со помош на два падобрани паднал во загребската населба Јарун по што одекнала силна експлозија. Освен вознемиреност нема жртви, ниту повредени.

Според очевидци, урнатотото летало направило кратер од 3 метра на местото на падот.
Делот на Загреб каде се наоѓа оваа населба како и крстосниците кои водат кон местото утринава се затворени.

Иако првично се шпекулираше дека се работи за руско беспилотно летало, последните информации укажуваат дека паднатиот дрон бил украински, а на него била забележана црвена ѕвезда петокрака и натпис на руска ќирилица. Токму овој натпис ги подгреа шпекулациите дека можеби урнатиот воздухоплов е руски.

Сепак хрватските власти потврдија дека се работи за беспилотно летало Тупољев 141 на украинските воздухопловни сили.

Засега , останува мистерија која била целта на ова воено летало , како и тоа како поминало низ воздушниот простор на неколку држави за да стигне до хрватската претсолнина. Се поставува и прашањето како ова летало не било регистрирано од НАТО радарите кои се одговорни за одбрана на небото на НАТО земјата членка Хрватска.

Пред се тамошната јавност засега е вознемирена, а властите истражуваат за можните мотиви и цели на ова летало, кое барем засега е нејасно што барало во хрватскиот воздушен простор.

Коинциденција или не, населбата во Загреб каде се урна дронот  се вика Јарун, а во Украина постои град кој го носи истото име. Одалеченоста на Украинскиот град  Јарун од загребската населба Јарун изнесува  1004 километри воздушна линија.

Ако се земе во предвид , судејќи според податоците достапни на интернет, беспилотното летало од советско потекло кое падна во Загреб,  Ту-141 има максимален дострел од 1000 километри. Овие податоци првично би можеле да ја објаснат причината за уривањето на дронот.

Сепак останува прашањето која била целта и задачата на дронот во хрватскиот воздушен простор и како радарите на НАТО не го регистрирале неговиот прелет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот