ВИДЕО | Андоновиќ: Бајден подготвен да се сретне со Путин, Макрон бара од Киев да направи компромис со Русите

Путин Бајден Украина Русија
Владимир Путин, Џо Бајден / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не планирал во блиска иднина да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но дека во договор со сојузниците во НАТО е подготвен да разговара со рускиот претседател доколку тој покаже интерес и е подготвен да ја запре војната во Украина.

За време на синоќешната средба со францускиот претседател Емауел Макрон, Бајден изјавил дека ќе чека Путин да пројави интерес за запирање на војната, но дека, како што вели Бајден „тој сè уште не го направил тоа“.

Оваа изјава на Бајден се смета како мал оптимизам во сето она што се случува околу Украина. Во последниве десет месеци, колку трае војната во Украина, западните челници и пред сѐ американскиот престедател не ни помислуваа да остварат било каква средба со Путин. Во почетокот на војната средба и обид да разговараат со него имаа францускиот претседател Макрон и германскиот канцалар Олаф Шолц.

И двајцата лидери по разговорите со Путин заклучиле дека простор за запирање на војната нема и дека Путин ќе оди до крај со воените дејствија , додека не биде исполнета неговата цел- автономните украински области кои тој преку рефенердум ги припои кон Руската Федерација да бидат признанени од западот и меѓународната заедница.

Останува дилемата дали Путин сепак ќе ретерира и е подготвен ова барање да го замрзне во итнерес на мирот, или можеби Бајден е подготвен, доколку Путин ги запре воените дејствија, да заедно со западот ги признае освоените украински територии во рамките на руската федерација.

На средбата на Бајден со Макрон, лидерот кој можеби и најмногу имаше контакти со инкриминираниот Путин, го повтори апелот до Киев и Украина, да бидат подготвени на постигнување на отстапки и компромис со Русија.

Сето ова испраќа порака дека можеби далеку зад очите на светската јавност и на војната во Украина веќе се преговара за запирање на вооружените судири и можеби, веќе се прави нова геостратешка поделба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот