Макрон пак ги советува Украинците да преговараат со Путин

Обраќање на францускиот претседател Емануел Макрон пред да замине во Романија / 14 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/GONZALO FUENTES

Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со американскиот претседател Џо Бајден изјави дека западните сојузници не треба да ги принудуваат Украинците на компромис со Русија кој за нив би бил неприфатлив.

– Никогаш нема да ги охрабриме Украинците да направат компромис што нема да биде прифатлив за нив, одговори Макрон на прашањето за потенцијалниот крај на војната.

„Тие се толку храбри и ги бранат своите животи, својата нација и нашите принципи… Ако сакаме одржлив мир, мораме да ги почитуваме Украинците да одлучат за моментот и условите во кои ќе преговараат за нивната територија и нивната иднина“, рече тој.

Францускиот претседател додаде дека сојузниците ја зголемиле економската, воената и хуманитарната помош за Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

– Дополнително, поддршката на САД – и финансиска и во снабдувањето со воено оружје за Украина – е важна не само за нападнатата земја, туку и за пошироката Европа. За стабилноста на нашиот свет денес – затоа што ако чувствуваме дека можеме да ја напуштиме земјата и да се откажеме од целосно почитување на овие принципи, тоа значи дека нема можна стабилност на овој свет, рече Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот