ВИДЕО | Анализа: Охрабрувачки делува консензусот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Одржлива, иновативна и конкурентна економија, одржлив локален и регионален развој што обезбедува кохезија, демографска ревитализација, социјален и културен развој, сигурно, безбедно и отпорно општество, зелена трансформација, владеење на правото и добро управување, се шесте клучни области на Националната развојна стратегија (НРС) за периодот 2024 – 2044 година што попладнево ја донесе Собранието со 70 гласови „за“, еден против и ниту еден воздржан.
Препорачано
Во анализата посветена на домашната политичка сцена, новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ, истакна дека најбитниот детал од донесувањето на стратегијата е тоа што конечно е обезбеден консензус на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
– Мислам дека последен пат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имале консензус кога ги зголемуваа платите на пратениците во Собранието, а тоа беше уште во времето на Никола Груевски. Донесена е Национална развојна стратегија коа се однесува на повеќе полиња и треба да се реализира во наредните 20 години. Стратегијата е еден лист хартија, што само по себе не значи ништо, односно доколку не се реализира ќе остане „мртво слово на хартија“. Но, тоа што во моментов радува е консензусот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, што се надеваме ќе биде пренесен и за други прашања – вели Ивановиќ.
Целата анализа проследете ја на следнот линк:


