ВИДЕО: Американски тенисер роден во Скопје почна да се грчи на теренот и очајнички бараше помош 

Стефан Козлов/ фото: EPA-EFE/David Guzman Gonzalez

Шокантна сцена се случи на стартот на турнирот во Акапулко каде американскиот тенисер Стефан Козлов, кој е роден во Скопје, почна да се кочи и падна на теренот и очајнички бараше лекарска помош.

Козлов во вториот сет од мечот со Григор Димитров одеднаш почна да се кочи, не можеше да ја помрдне ногата и веднаш повика лекарска помош, а реагираше и Димитров кој притрча за да му помогне.

Опоравувањето на Козлов траеше неколку минути и иако сите очекуваа да го предаде мечот, Американецот роден во Скопје по укажаната лекарска помош го продолжи мечот и на крајот успеа да победи. Со 2:1 во сетови и тоа со 7:6,5:7,6:3 и најверојатно во следното коло ќе игра против Рафаел Надал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот