ВИДЕО: Алигатор влечеше безживотно човечко тело на Флорида

Фото Архива

Огромен алигатор е фатен во петокот како носи безживотно тело на маж во канал во Флорида.

Случајни минувачи го забележале алигаторот како ја носи својата жртва во вилицата по улица во Ларго, мала заедница на Флорида.

Имаше тело во устата, затоа почнав да снимам“, изјави сведокот Џамаркус Булард.

Булард, кој бил на пат на интервју за работа, веднаш ги известил пожарникарите, кои биле во близина на ужасната сцена.

„Службите за итни случаи брзо стигнаа до алигаторот и го застрелаа неколку пати“, додаде сведокот, пренесува Њујорк Пост.

Од канцеларијата на шерифот потврдија дека и жртвата и алигаторот се извлечени од каналот, но одбија да кажат дали тие се тие што го повлекле чкрапалото.

Грозоморните фотографии од местото на настанот покажуваат како полицајци стојат покрај крвавиот алигатор долг неколку метри.

Оваа област е во близина на популарниот парк Риџкрест, кој има и езерце со алигатори.

Познато е дека алигаторите талкаат низ соседството, рече Џенифер Дин, но убиениот во петокот беше еден од најголемите што некогаш ги сретнала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот