ВИДЕО: Адетокумпо му донесе нова победа на Милвоки

Милвоки во неизвесен натпревар ја совлада Индијана/фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Актуелниот шамион Милвоки Бакс добро се намачи за триумф над Индијана пејсерс од 119:109. Првата ѕвезда на екипата Јанис Адетокумпо имаше учинок од 30 поени и 10 скокови, а му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл.
Гркот доби голема помош Крис Мидлтон кој постигна 27 поени, додека Малколм Брогдон ја предводеше Индијана со 25 постигнати поени.

Еден од најголемите фаворити за титулата, Бруклин нетс кој игра без Кајри Ирвинг, со 104:90 го совлада Вашингтон. Одговорноста во нападот ја презеде Кевин Дурент кој постигна 25 поени и имаше осум скокови.

Продолжува кошаркарската ренесанса и еуфорија во Чикаго булс кој ја оствари четвртата победа во четвртиот натпревар сезонава. „Биковите“ во неизвесен натпревар го совладаа Торонто репторс со 111:108. Новата ѕвезда на екипата, Демар Дерозан на својот поранешен тим му уфрли 26 поени, а одлична партија имаше и Зек Лавин со 22 постигнати поени.

РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Бостон 129:140 (прод)
Индијана – Милвоки 109:119
Атланта – Детроит 122:104
Бруклин – Вашингтон 104:90
Мајами – Орландо 107:90
Торонто – Чикаго 108:111
Минесота – Њу Орлеанс 98:107
Денвер – Кливленд 87:99
ЛА Клиперс – Портланд 116:86

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот