ВИДЕО: Адеми стрелец, Динамо Загреб полуфиналист во хрватскиот куп!

Фото: EPA-EFE/PIETER STAN DE JONGE

Денеска во четвртфиналето од Купот на Хрватска екипата на Динамо Загреб со резултат 2:0 триумфираше над Славен Белупо.

Стрелец на вториот гол за „модрите“ беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во 78 минута.

Претходно првиот погодок беше дело на Петковиќ кој реализираше од пенал во 70 минута.

Адеми настапи до 81 минута, а во составот на Динамо Загреб не беше Стефан Ристовски.

Пласман во следната фаза обезбеди и Риека, а останатите две екипи ќе ги дознаеме по дуелите Горица – Хајдук и Ориолик – Истра 1961.

видео извор: Sportski.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот