Вицепремиерот Анѓушев и министрите Царовска и Адеми ја завршија посетата на Швајцарија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбер Адеми, на вториот ден од работната посета во Берн, поврзана со швајцарските искуства за стручно образование и обука, остварија посета на Универзитетот за применети науки и се сретнаа со менаџментот на училиштето за обука и тренинг за потребите на индустрија.

Владината делегација, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, ја завршила посетата на Швајцарија со средба со државната секретарка за образование, истражување и иновации Мартина Хирајама со која разговарале за можностите за понатамошна соработка во насока на поддршка за имплементација на дуалното образование во образовниот систем во Северна Македонија.

Прочитајте и...  На работничките во Штип не смее да им се намали платата додека седат дома

– Владата на Република Северна Македонија спроведува реформи во сите сфери вклучително и во унапредување на образовниот процес. Тоа е наша обврска, не само за исполнување на критериумите во ЕУ и НАТО, туку и должност кон нашите граѓани за подобар живот на сите. Модел на дуално образование, кој во моментот се спроведува како пилот проект, тежнееме да го имплементираме во стручното средно образование, за да креираме добро обучени и професионални кадри за потребите на индустријата, но и да обезбедиме квалитетни, добро платени работни места за младите луѓе – потенцирал вицепремиерот Анѓушев.

Министерот за образование нагласил дека образованието е клучна карика во развојот на личноста и посочил дека Владата вложува труд и посветено работи на унапредување на образованието во сите степени.

Прочитајте и...  „Од Белград до Софија за 3 часа“ - Вучиќ и Борисов во обиколка на новиот автопат

– Инвестираме многу време, средства и напори за унапредување на сите сфери во образованиот процес и на тој начин вложуваме во нашата иднина. Целта ни е да направиме квалитетно образование почнувајќи од основното па до високото образование, учениците да стекнуваат вистински вредности, но и знаења и вештини кои ќе им користат подоцна во животот. Образовниот процес особено во средното образование мора да претпри измени, пред се со зголемување на практичната работа за време на школувањето – нагласил Адеми.

Царовска, се заблагодарила за драгоцената размена на искуства во развојот на социјалните услуги како поддршка на имплементација на социјалната реформа.

– Токму со реформата работиме на намалување на детската сиромаштијата и со детскиот и образовниот додаток им овозможуваме на децата да имаат еднаков старт во животот. Нашата цел е што повеќе деца да се вклучат во предучилишно образование, затоа што раниот детски развој е основата за понатамошниот образовен процес. Силно вложуваме во градинките и ги јакнеме нивните капацитети, а со тоа вложуваме и во иднината на државата, истакнала Царовска.

Прочитајте и...  Шведскиот производител на камиони планира да скрати илјадници работни места

Државниот секретар за образование и иновации Мартина Хирајама ја нагласила волјата на швајцарската Влада за поддршка на реформите што се спроведуваат во Република Северна Македонија, при што нагласила дека двете земји имаат одлична соработка и оти таа ќе продолжи да се развива во позитивна насока.

Прочитај повеќе

Градоначалникот на Чаир позитивен на Ковид 19

Слободен печат

На протестите во Њујорк ограбени елитни дуќани, украдени „Ролекси” во вредност од 2.3 милиони долари (ВИДЕО)

МИА Агенција

Филипче: Огромен број контакти од вкупно дијагностицираните се во рамки на десет семејства

Слободен печат

Песков: Русија ќе побара повеќе детали за поканата од Трамп за проширен самит на Г7

Слободен печат

Полицаец од пограничната полиција позитивен на коронавирусот

Слободен печат

Борел против враќање на Русија во Г7

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лајчак: Поддршка од 27 земји-членки на ЕУ за продолжување на дијалогот Белград-Приштина

Слободен печат

Нови правила на плажите во Грција

Слободен печат

„Рено“ ќе добие државен заем во висина од 5 милијарди евра

Слободен печат

Грција: Започна тестирање за антитела на вработените во болниците

Слободен печат

На 18 јуни ќе биде соопштена пресудата за „Рекет“

Слободен печат

Ковид-19 „влезе“ во приватен старечки дом, алармот вклучен