Ветинг на судиите кои носеле „одлуки по порачка“

Власта по подолго време се соочува со аномалии во владеење на правото предизвикано од правосудните органи. Се почесто се говори за потребата од ветинг на судиите и јавните обвинители. Извршната власт вели премиерот Зоран Заев нема паво да се меша во судската власт, но ги става на располагање сите свои капацитети да помогнат во овој процес на ветинг.

Од своја страна и судската фела е одамна подготвена за ветинг или проверка во своите редови, вели судијата и професор Лазар Нанев за „Слободен печат“.

– Ветинг да, но не само на судиите, туку на сите активни чинители во системот на правосудство, а тоа се јавните обвинители, извршителите, медијаторите и адвокатите. Но и законската регулатива и нејзината имплементација. Неспорно е дека имаме сериозни проблеми во делот на владеење на правото, ова се заклучоци и на самите судии – вели Нанев.

– Клучниот проблем во нашето општество е второто ниво на проверка, а тоа е интегритетот на самите судии и политичките влијанија, односно поврзаноста со одредени структури за носење т.н. одлуки по порачка – додава тој.

Ако сакаме да бидеме доследни до крај, вели Нанев, ќе треба да ги ставиме под прашање и оние кои ги избираат судиите и обвинителите, а тоа се Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители. Дали кај нив можеби имало политички влијанија во избоорот и оценките на судиите, прашува судијата Лазар Нанев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот