Велика Британија ќе го зголеми финасирањето на армијата

Британскиот премиер Риши Сунак денеска најави зголемување на финсирањето на војската за пет милијарди фунти (6 милијарди американски долари) во наредните две години како одговор на руската агресија врз Украина и „предизвикот што ја дефинира епохата“ односно Кина.

Најавеното зголемување во рамки на ажурирањето на британската надворешна и безбедносна политика е помало од тоа што го побараа воените официјални претставници.

Сунак рече дека британската воена потрошувачка ќе достигне 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) „на долг рок“. Во моментов, Британија троши нешто повеќе од два отсто од БДП за одбрана, а военото раководство сака тоа да биде три отсто.

Дополнителните пари делумно ќе бидат искористени за надополнување на резервите на муниција исцрпени од испораките во Украина за нејзина одбрана од Русија.

Дел од парите ќе бидат наменети и за проектот на Британија, САД и Австралија, кој е поврзан со создавање подморници на нуклеарен погон.

Сунак денеска во Сан Диего ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден и австралискиот премиер Ентони Албанезе, за да ги потврдат натамошните чекори во воениот пакт познат како АУКУС, што трите земји го склучија во 2021 година поради зголемената загриженост за кинеските акции во Пацификот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот