Велат дека се подобри од американските: Брзи јапонски палачинки – меки и сочни!

Фото: Инстаграм

Јапонските палачинки потсетуваат на американските, но се дупло подебели, додека телото е три пати помеко.

Состојки:
  • 2 јајца
  • 3/4 шолји млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 2/3 шолји брашно
  • 1 3/4 лажичиња прашок за печиво
  • 3 лажици шеќер
Приготвување:
  • Изматете пенесто јајца, млеко и екстракт од ванила во голем сад.
  • Во друг сад измешајте брашно, прашок за печиво и шеќер, па додајте ги во течната смеса.
  • Оставете ја смесата за палачинките да отстои околу 15 минути.
  • Ставете големо тавче со малку масло на средна температура на рингла.
  • Сипете една порција од тестото (околу четвртина од тестото) и чекајте додека се појават меурчиња. Тогаш палачинките се подготвени за превртување.
  • Кога ќе се испржи и втората страна, послужете ги палачинките со сируп, овошје или, типично јапонски, со путер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот