Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ (ВИДЕО)

На првиот историски меч Македонија славеше над Словенија во Крањ/фото: ffm.mk

На денешен ден, 13 октомври 1993 година, најдобрата македонска репрезентација во Крањ го одигра натпревар во својата историја, односно во пријателски меч со 1:4 триумфираше над Словенија.

Првиот гол се случи уште во третата минута преку З. Бошковски, зголеми Д. Панчев кој беше прецизен од пенал во 37 минута.

Само 180 секунди подоцна намалијa Словенците преку Ј. Пате, за 1:3 се погрижи Ч. Јаневски од белата точка, а конечниот епилог го постави Д. Канатларовски (51`).

За Македонија играа: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (Неџмедин Мемеди 61`), Зоран Јованоски, Драги Канатларовски, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Зоран Бошковски (Ванчо Мицевски 83`), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (Горан Георгиевски 11`, Сашо Милошевски 79`), Тони Мицевски.

Тогашната А селекција на клупата беше предводена од Андон Дончевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот