Васоски: Еден момент може да го одлучи натпреварот против Романија

Фото: EPA PHOTO EPA/GERRY PENNY/gp

Најдобрата македонска репрезентација денеска патува за Букурешт каде што в четврток од 20.45 часот ќе го игра првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 против домаќинот Романија.

Од Скопје патуваат со директен чартер-лет до романскиот главен град, а се очекува во текот избраниците на селекторот Игор Ангеловски да го одржат и официјалниот тренинг.

Од претходно се најави дека ќе отсуствува играчот на Динамо Загреб поради повреда, Аријан Адеми е меѓу патниците за Букурешт со цел да им даде поддршка на своите репрезентативни колеги, но најверојатно се очекува да настапи против Лихтенштајн и Германија. Воедно сите играчи кои ги има на располагање Ангеловски на тестирањата се покажаа како негативни на ковид-19.

Поранешниот репрезентативец и сегашен тренер на Академија Пандев, Александар Васоски своевремено имаше погодок токму против романската селекција во квалификациите за СП 2006, односно на 4 септември 2004 година кога после изведениот корнер на Артим Шаќири не чуван од никого, високо скокна Васоски и со глава израмни на 1:1, на крајот Романците во финишот дојдоа до победата.

– Еден момент може да го одлучи мечот со Романците, не треба да стравуваме од овој противник. Не е таа Романија од минатото, на нашите фудбалери им посакувам успех на стартот од квалификациите за СП – ни изјави Васоски.

Неговиот клуб Академија Пандев имаше лош почеток на сезоната во Првата лига, по што следуваше промена на тренерската позиција, Васоски иако започна со пораз од Работнички, следуваа резултати кои ја кренаа екипата.

Во првенството од 28 февруари до 20 март во пет натпревари тимот има три победи и две нерешени средби, последниот триумф го имаше над Струга Трим Лум (1:0).

– За тоа заслужни се фудбалерите и на тој начин повторно е крената самодовербата кај нив и тимот се движи кон вистинскиот правец. Да, го загубивме тој меч со Работнички, но беше само прашање на време кога Академија Пандев повторно ќе има добри игри и резултати. Останува наредниот период да се искористи и да продолжиме со вакво темпо и во следните мечеви – додаде Васоски.

Ибраими: Чест ми е што повторно сум во репрезентацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот