Вашингтон ја поддржува кандидатката од Африка за директорка на СТО

САД соопшти дека дава „силна поддршка” на Нгози Оконџо-Ивеали за функцијата генерална директорка на Светската трговска организација (СТО), со што го повлече американското вето кое администрацијата на Доналд Трамп го стави на кандидатурата на Нигеријката.

„Администрацијата на Бајден-Харис е среќна што може да обезбеди силна поддршка за кандидатурата на Нгози Оконџо-Ивеали за функцијата нов генерален директор на СТО”, се вели во изјавата на службата на претставникот за трговија.

„Оконџо-Ивеала го носи своето богато знаење во економијата и меѓународната дипломатија благодарение на 25-годишното искуство во Светска банка и два мандати како нигериски министер за финансии”, се додава во соопштението.

Администрацијата на Трамп поддржа друга кандидатка, јужнокорејската министерка за трговија Јо Мјунг-хе, која вчера ја повлече својата кандидатура.

Администрацијата на Бајден посочува дека „едвај чека да соработува” со новата директорка „со цел да се спроведат многу потребните важни реформи на СТО”. Притоа, тој се придружува на неговите претходници кои исто така повикаа на реформа на таа организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот