Вархељ: Преговорите со Северна Македонија и Албанија можат да се отворат за неколку недели

Европската Унија може да отвори преговори со Северна Македонија и Албанија за неколку седмици, бидејќи двете држави направија напредок во нивните подготовки за членство, изјави денеска во Прага еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ.

Вархеји рече дека извештајот на Европската комисија за двете земји, што треба да биде објавен наредната седмица, е охрабрувачки.

– Има сериозен напредок во двете земји. Многу сум охрабрен од фактот што двете земји одлучија да ги забрзаат нивните подготовки – рече Вархељ по средбата на шефовите на дипломатиите од земјите од Вишеградската група (V4) и од земјите од Западен Балкан (WB6) во Прага.

Истакна дека со извештајот се надева дека ќе ги убеди земјите-членки дека двете земји се подготвени, и самите земји-членки треба да бидат подготвени да отворат преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Многу се надевам дека ќе почнат преговорите со Северна Македонија и Албанија во следните неколку недели – додаде еврокомесарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот