Вархељ: ЕК ќе помогне на Западен Балкан и соседите со 3,8 милијарди евра

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ, денеска изјави дека Европската Комисија пренасочува 3,8 милијарди евра фондови за Западен Балкан и соседите на истокот и на југот на ЕУ за помош во борбата против коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е дел од стратегијата на Европската Унија за глобален одговор на пандемијата најавена вчера од страна на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа вчера порача дека е исклучително важно Европската Унија да биде подготвена да им помогне на третите земји во оваа борба, посебно африканскиот континент.

– Како дел од нашиот глобален одговор на пандемијата со коронавирусот, пренасочуваме над 3,8 милијарди евра од планираните фондови за Западниот Балкан и нашите непосредни соседи на истокот и на југот, таму каде што им се вистинските потреби денес: итен одговор на здравствената криза, за зајакнување на здравствените системи и ублажување на социоекономските последици од пандемијата, делиме континент и можеме да успееме само заедно, рече Вархеји.

Пакетот „Тим Европа” има за цел да им помогне на сите глобални партнери на ЕУ ширум светот преку земјите членки но и финансиските институции на ЕУ, посебно Европската инвестициска банка, и Европската банка за реконструкција и развој.

Првите пакети „Тим Европа” веќе се применуваат на Западен Балкан, соопшти ЕК.

– Европската Унија ќе продолжи да го прилагодува својот одговор како што ќе се развива состојбата и ќе се фокусира на погодените земји кои имаат потреба од здравствена поддршка како што се земјите во Африка, во соседството, Западниот Балкан, Блискиот Исток и Северна Африка, делови на Азија и Пацификот, Латинска Америка и Карибите, информираат од ЕК.

Најголем фокус ЕУ ќе посвети на најранливите групи како што се бегалците и внатрешно раселените лица.

Вкупниот пакет изнесува 15,6 милијарди евра, од кои 3,25 милијарди се наменети за Африка, 800 милиони евра се за земјите од Западен Балкан и Турција. Земјите од јужното соседство на ЕУ ќе добијат 2,1 милијарда евра, а источните соседи 962 милиони евра.

Азија и Пацификот ќе добијат 1,22 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот