Вардар со Стоилов, но без Горбок против Веспрем (ФОТО)

rkvardar.mk

Денеска македонскиот и европски шампион Вардар ќе го игра и петтиот натпревар од групата „Б“ во Лигата на шампионите од 17.30 часот против Веспрем на нашиот репрезентативец Дејан Манасков.

Тоа е финале од минатата сезона на Фајнал фор турнирот во Келн каде што „црвено-црните“ триумфираа со 27:24 и ја освоија втората европска титула во својата историја.

После тешкиот пораз од Кил во СЦ „Јане Сандански“ се направи промена на тренерската клупа, така што досегашниот стратег Давид Писонеро ќе биде помошник, а главен тренер Едуард Кокшаров.

На дуелот против Кил во составот беше Стојанче Стоилов, но не настапи иако беше на клупата и ја даваше поддршката.

Но, репрезентативниот пивот е на располагање и за денешната пресметка во Унгарија, но не е познато дали е целосно опоравен од повредата и дали ќе биде и овојпат само „навивач“ од клупата.

Во составот не се наоѓа Сергеј Горбок, Бразилецот Хозе Толедо сеуште се опоравува од повредата. Шанса добива Дејан Кукуловски, а за овој меч повикан е и трет голман, Марко Кизиќ.

Составот на Вардар: Стоилов, Кукуловски, Димитриоски, Кристопанс, Сикошек Пелко, Дисингер, Атман, Скубе, Калараш, Гедбане, Чупиќ, Дибиров, Шишкарев, Горпишин, Кугис, Кизиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот