Вардар повторно не игра ЛШ, одложен натпреварот и против Пик Сегед

Фото: rkvardar.mk

Натпреварот од третото коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПИК Сегед и Вардар 1961 е одложен на барање на домашниот тим поради коронавирус.
Натпреварот со стариот познаник, Вардар требаше го игра в четврток во Унгарија.

Причината за откажувањето на натпреварот е што домашниот тим пријави дека има нови играчи позитивни на ковид-19 и дека поради здравствените правила во земјата мора да се замине во карантин што ќе трае најмалку една недела, а можеби и подолго.

По испратената информација од страна на ПИК Сегед до ЕХФ, решено е натпреварот да биде одложен.

За двата клуба одложувањето претставува проблем бидејќи веќе имаат по еден одложен натпревар токму поради коронавирус.
Минатата недела Вардар 1961 требаше да биде домаќин на Елверум, но Норвежаните бараа одложување со цел да се избегне влегување во карантин по пристигнувањето дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот