Вардар на чекор од есенска титула, Струга ја изненади Шкендија!

фото:фејсбук

Денеска се одигра и 16. коло во Првата македонска фудбалска лига, најголемото изненадување повторно го направи новајлијата Струга Трим Лум кој на домашен терен со 2:1 триумфираше над Шкендија, актуелниот бранител на титулата.

После првото полувреме водеа тетовските „црвено-црни“ со погодокот на бразилскиот интернационалец Жуниор во 38. минута.

Пресвртот се случи во вториот дел, стружани ја забележаа шестата победа благодарение на Кочоски (54`) и Лена (65`).

Вардар пропушти шанса да ја обезбеди есенската титула, после поразите на Шкендија и Академија Пандев (кај Шкупи).

Фудбалерите на Васоски имаа негатива по првите 45 минути против Силекс, кратовци водеа од 12. минута со погодокот на Грозданоски.

На стартот од второто полувреме Тошевски стрелаше за израмнување, а во 65. минута поради два жолти картони кај гостите теренот мораше предвреме да го напушти Мицевски.

Но, и покрај тоа Вардар повторно беше во позитива пет минути подоцна преку Цветаноски. Силекс не дозволи да биде поразен пред своите навивачи, бод донесе Костовски во 86. минута за вкупно второ реми во шампионатот.

Прва фудбалска лига, 16. коло

Среда, резултати –

Работнички-Борец 2:1
Ренова-Македонија ЃП 1:1
Шкупи-Академија Пандев 3:1
Силекс-Вардар 2:2
Струга Трим Лум-Шкендија 2:1

Табела:

1.Вардар 32 бодови
2.Академија Пандев 27
3.Шкендија 24
4.Силекс 23
5.Шкупи 22
6.Македонија ЃП 22
7.Струга Трим Лум 22
8.Ренова 16
9.Борец 16
10.Работнички 14

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот