Ванда има рецепт за одличните игри на Мауро: Доколку загуби нема секс
Мауро Икарди игра во одлична форма сезонава во дресот на ПСЖ, но и кога беше дел од Интер, неговата сопруга Ванда Нара постојано е на насловните страници на магазините. Не е толку активна со изјавите колку што со провокативните фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.
Сезонава Мауро игра за ПСЖ и огра фантастично, на 17 натпревари за францускиот тим постигна 13 голови, а Ванда ја откри тајната за неговите фантастични игри.
– Мауро е максимален професионалец, нема секс пред натпревар туку само по него, но и тоа единствено доколку неговиот тим победи. Доколку загуби тој не сака ниту да ме погледне – открива Ванда.
Таа е и сопруга и мајка на пет деца и менаџерка на својот сопруг, но никогаш не го крие своето тело и на радост на своите фанови на социјалните мрежи, таа постојано објавува провокативни и разголеми фотографии.
– Мауро е седум години помлад од мене и поради знам да бидам несигурна. А сакам да бидам секси, па тоа да го покажам и јавно бидејќи се кријам зад ликот кој го направив на Инстаграм. Едноставно ја кријам несигурноста – вели Нара.