Ванда брзо одговори на шпекулациите: Мауро не оди во Монако

Новинарот на Раиспорт, Чиро Венерато објави информација дека по утринскиот состанок, директорот на Интер, Џузепе Марота постигнал договор со Монако кој би требало да биде идната дестинација на Мауро Икарди.

Марота во преговорите со генералниот менаџер на Монако, Олег Петров се договориле трансферот да изнесува 60 милиони евра плус дополнителни пет милиони евра во бонуси, а фудбалерот би има 12 милиони евра годишна плата.

Сепак, неколку часови подоцна се јави и сопругата и менаџер на Мауро Икарди, Ванда Нара, која тврди дека Аргентинецот не се сели во францускиот шампионат.
„Не оди во Монако“,  е одговорот на Ванда на прашањето на новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот