Икарди прави изненадувачки трансфер!?

EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Дваесет и шестгодишниот Аргентинец би сакал да се пресели во Јувентус, но засега има понуда само од Наполи.

Интер би сакал да го продаде играчот во друг шампионат, но сето тоа зависи од желбите на Икарди и неговата сопруга и агентот Ванда Нара.

Минатата сезона Икарди настапи на 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и оствари пет асистенции. Тој има актуелен договор со „неро-азурите” до 30 јуни 2021 година.

Во кариерата на клупски план настапуваше уште за екипата на Сампдорија со 33 одиграни натпревари и 11 голови во најсилната италијанска лига.

Според порталот „transfermarkt.de” вредноста на Аргентинецот на фудбалскиот пазар во моментов е 80 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот