Валас: Земјите од Северна Европа страдаат поради руската инвазија

Британскиот министер за одбрана Бен Валас / Фото: EPA-EFE/ZOLTAN BALOGH

Министерот за одбрана на Велика Британија Бен Валас се сретна со своите колеги од 11 други европски земји во Исланд за да разговараат за безбедносните предизвици за северна Европа по руската инвазија на Украина.

Земјите од Северната група – Данска, Естонија, Финска, Германија, Исланд, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Полска, Шведска и ОК – објавија заедничка изјава во која ја осудуваат инвазијата и ги поздравуваат одлуките на Шведска и Финска да поднесат барање за приклучување НАТО.

Валас вели дека тоа „ја зајакнува заедничката недвосмислена осуда на варварската инвазија на Путин и заедничката решеност Украина да успее“.

Тој, исто така, потпиша нов договор со Финска врз основа на меѓусебниот безбедносен пакт што го договорија Обединетото Кралство и Финска во мај. Пактот ја обврзува секоја земја да и помогне на другата доколку биде нападната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот