Вакцинацијата почна, Филипче ќе почека за вакцина

За разлика од земјите во соседството каде вакцина против ковид-19 први примија министрите за здравство или премиерите на државите, кај нас имунизацијата започна со докторка и главна сестра  од Инфективната клиника. И покрај тоа што министерот за здравство Венко Филипче во повеќе наврати изјави дека ќе се вакцинира, денеска не даде позитивен пример за граѓаните.

ГАЛЕРИЈА: Започна вакцинацијата против ковид-19 во Македонија, погледнете како течеше првиот ден

Тој нагласи дека не се вакцинирал зашто не сакал да ги троши вакцините кои се броени и првенствено наменети за неговите колеги кои се во директен контакт со вирусот.

– Одлучив да не се вакцинирам со првата доза на вакцини кои пристигнаа од Србија, бидејќи не сакам да им земам место на колегите кои работат со пациенти позитивни на ковид-19. Во знак на почит, вакцинацијата ја почнуваме токму со здравствените работници од ковид центрите, рече Филипче.

Тој најави дека сепак ќе се вакцинира за да им даде позитивен пример на граѓаните.

– Ќе се вакцинирам кога ќе пристигне вториот контингент вакцини. Со тоа ќе им покажам на граѓаните дека така треба и тоа е правилно за да ја спречиме пандемијата. Вакцините се безбедни, со развиени безбедни платформи и се единствен начин за развивање на колективен имунитет, рече Филипче на почетокот на имунизацијата против ковид во земјава.

– Во знак на почит, вакцинацијата ја почнуваме токму со здравствените работници од ковид центрите. Ги заштитуваме затоа што се во првите борбени линии и ни се потребни во работата! Д-р Добринка и главната сестра Габриела се чувствуваат добро и упатија порака дека ова е единствениот начин за да ставиме крај на пандемијата – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

ВИДЕО: Медицинските сестри од Здравствен дом Скопје откако добија кратка обука, се подготвени за апликација на вакцините Фајзер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот