ГАЛЕРИЈА: Започна вакцинацијата против ковид-19 во Македонија, погледнете како течеше првиот ден

Денеска официјално започна процесот на имунизација против ковид-19 во Македонија. Аплицирањето на првите вакцини беа закажани во 10 часот во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а први во ред, според Националниот план за вакцинација, застанаа здравствените работници.

Жените го скршија мразот откако Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог и Габриела Темелковска, главна сестра на инфективна клиника станаа првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против ковид-19.

Медицинските сестри од Здравствен дом Скопје откако добија кратка обука, се подготвени за апликација на вакцините Фајзер

– Безболно е и се чувствувам одлично. Го препорачувам на сите, за да стекнеме имунизација во целата држава. Ова го истакна  Јовановска, еден од главните инфектолози на Инфективната клиника.

Главната сестра на Инфективната клиника, Габриела Темелковска која ја прими вакцината на Фајзер, верува дека после денешниот ден ќе се намалува бројот на заразени.

– Чувствувам олеснување. Вакцините се безбедни. Верувам после ова дека конечно ќе почне да се намалува бројот на заразените, истакна Темелковска.

Погледнете како се одвиваше целиот процес низ објективот од фоторепоретот на Слободен печат, Драган Митрески:

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Вакцинацијата почна, Филипче ќе почека за вакцина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот