Ужас во Горски Котар: Две години го држеле како роб во приколка без вода и струја
Во изминатите две години, двајца осомничени со закани, измами, како и со бесплатно вршење на тешка физичка работа, го довеле 42-годишниот хрватски државјанин во подредена положба на зависност и го експлоатирале.
Приведени се двајца осомничени во Горски Котар, Хрватска, кои држеле 42-годишен маж во нехумани услови и го злоупотребувале, додека го експлоатирале на работа и му го присвојувале имотот, објави 24sata.hr.
Препорачано
Поради сомнение дека 42-годишен маж во Горски Котар бил злоупотребен и држен во состојба слична на ропство, полицијата приведе двајца луѓе кои се осомничени за трговија со луѓе, соопшти денеска полицијата во Приморје-Горски Котор.
Станува збор за луѓе на возраст од 28 и 30 години, а се товарат за кривично дело трговија со луѓе, за кое законот предвидува казна до 10 години затвор.
Тие го сместиле човекот во приколка без основни услови за живот, додека сите приходи од неговата работа ги задржале за себе. Му ги конфискувале и личните документи, а според полицијата, наводно склучиле фиктивни договори со цел да му ја преземат семејната куќа и овоштарникот во Горски Котар.
Полицијата се сомнева дека во претходните две години, со закани, измами, како и со бесплатно вршење на тешка физичка работа, го довеле 42-годишниот хрватски државјанин во подредена положба на зависност и го експлоатирале.


