Студено и магловито време

Утрово најстудено во Скопје, минус 2 степени

Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови – 1, додека во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија нула степени.

Во Виница, Берово се измерени еден степен, во Прилеп и Кавадарци два степени, во Тетово, Охрид, Претпор и Битола три степени и во Гевгелија пет степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот