УТРИНСКИ БРИФИНГ | Џафери: Хидромафијата ја окупира Шар Планина

Аријанит Џафери, Еко-герила / Утрински брифинг

Загадувањето во зима се покачува на повисоки нивоа. Присутноста на честичките е голема, а знае да стигне и до 1000, ноникакви чекори не се преземени од локалната власт за решавање на овој проблем, вели за Утрински брифинг Аријанит Џафери од Здружение Еко-герила .

-Луѓето се греат на дрва, струјата е скапа, а гасификацијата се уште е во прва фаза. Градоначалничката Теута Арифи неодамна донесе пет градски автобуси во Тетово кои не се ефикасни да го покријат градот па луѓето пак користат автомобили, вели Џафери за Утрински брифинг.

Кај Тетовскиот универзитет има зеленило и паркинг места, но во другиот дел од Тетово нема паркинг места ни катни гаражи и тоа е проблем. Тоа исто доведува до загадување оти автомобилите половина од времето се движат да најдат паркинг. Во градот не е оставено зеленило, премногу се гради. Сега во предизборна кампања се гледа во програмите дека сѐ што било зеленило е бетонирано па сега нема простор каде да се направи парк, коментира Џафери.

-Тетово има потреба од многу зеленило и сме многу далеку од тоа. Љубљана е најзелениот град и пример. Сега Шар Планина е прогласена за национален парк и тоа е прво прогласување по 60 години. Но, таму има хидроцентрали и смет. Шара е една од најбогатите планини кога станува збор за биодиверзитетот. Но, Шар Планина е уништена од хидромафијата, вели Џафери за Утрински брифинг.

Тој додава дека не е доволно Шар Планина  да се нарече национален парк туку законот треба да се спроведе.

-Прво треба да се ослободат реките и да течат слободна што помага за биодиверзитетот. Потоа да има повеќе контрола на сечата на шумите, а не како сега. И да се урива секоја дивоградба а ги има не само на Попова Шапка туку на цела Шар Планина. Сѐ што е бетон треба да се руши, вели Аријанит Џафери од Еко-герила и додава дека на локалните избори битката за Тетово е битка за воздух.

Видео на денот