Утре на централен одбор на СДСМ се очекува пет министри да бидат фатени од „метлата“ - Слободен печат

Утре на централен одбор на СДСМ се очекува пет министри да бидат фатени од „метлата“

Утре е закажана седница на Централниот одбор на владејачкиот Социјал демократски сојуз, се очекува промени на партиски кадри и кадри од извршната власт.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, пред неколку дена објави дека ги разрешил сите 78 претседатели на општинските организации и многу е веројатно дека утре ќе биде опфатена повисоката партиска структура, пишува ТВ21.

Заев по првиот круг од претседателските избори, во кој разликата помеѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беа многу мали, најави дека ќе „заигра метлата“ во извршната власт, односно дека некои министри ќе бидат сменети.

Најавите за промени дојдоа со неконкретен датум, но би требало да биде на почетокот јуни.

Како што пишува ТВ21, неофицијално, покрај директори на јавни претпријатија кои не ги исполниле очекувањата, сменети ќе бидат и пет до шест министри.

Заев веќе оствари средба со својот коалиционен партнер од ДУИ Али Ахмети. Неофицијално, Заев инсистирал Садула Дураку, министерот за животна средина да биде сменет а премиерот бил спремен на Ахмети да му го предаде Министерството за транспорт и врски со што би бил променет и Горан Сугаревски, кој што сега како кадар на СДСМ е министер за транспорт.

Другите кадри на ДУИ во Владата, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за образование Арбен Адеми, според изворите на ТВ21 би требало да останат на функцијата.

Прочитај повеќе

Правниот тим на Трамп ја почна одбраната на претседателот во Сенатот

Слободен печат

Зариф: Иран подготвен за преговори со САД

Слободен печат

Нов земјотрес во Турција: Нема податоци за штети и жртви

Слободен печат

Законот за ЈО во вторник на јавна расправа: Во Собранието поканети и Јовески и меѓународни претставници

Слободен печат

Протести на жолти елеци и во Бугарија: Жителите на Перник стравуваат дека ќе останат без вода

Слободен печат

Вухан гради и втора болница за заболените од коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар

10 − 6 =

Прочитај повеќе

Москва и Анкара тврдат дека во Сирија имало околу 200 случаи на кршење на примирјето

Слободен печат

Богатите ги повлекуваат парите од швајцарските банки: Знаат ли нешто што другите не знаат?

Слободен печат

Хрватите протестираа против 5Г мрежа

Слободен печат

Полска ја обвинува ЕУ за политика на двојни стандарди

Слободен печат

Заев за пишувањето на „Ла верита“: Ако во ВМРО-ДПМНЕ имаа некакви докази, верувајте, ќе ме осудеа

Слободен печат

Миро Ковач кандидат за претседател на ХДЗ

Слободен печат