Утре ќе заседаваат највисоките органи на СДСМ, нема потврда дека оставката на Заев е на дневен ред

Фото: СДСМ

Утре ќе заседаваат највисоките партиски органи на Социјалдемократскиот сојуз, објави Фокус, а од партијата најавуваат дека во 18 часот е закажана седница на Извршниот одбор, додека пак во 20 часот ќе заседава Централниот одбор.

Сепак, од партијата не се открива дали ќе биде разгледана оставката на Зоран Заев од лидерската позиција, додека пак на прашањето околу тоа што ќе биде на дневен ред на Централниот одбор, од СДСМ кусо одговориле дека тоа ќе биде „актуелната политичка ситуација“.

Инаку, според Статутот на СДСМ, Централниот одбор распишува вонредни избори за претседател, во случај актуелниот претседател да поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот