Утре ќе гласаат 113 болни и изнемоштени од Росоман и Демир Капија, петмина од затвор

Избори Фото: МИА

Вкупно 113 болни и изнемоштени од Росоман и Демир Капија ќе гласаат утре, петмина од затвор. Сите тие ќе гласаат еден ден пред изборите за претседател на државата, што ќе се одржат во среда, согласно на законот.

„Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштени лице ќе гласа утре, како и двајца од затвор“, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.

Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, утре ќе гласаат 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор. Овде има вкупно 3.216 гласачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот