Усвоен нацртот на новиот ГУП на град Струмица

Плоштад Гоце Делчев, Струмица / Фото: Архива

Усвоен нацртот на новиот ГУП на град Струмица. Според истиот, наместо досегашните 40 хектари зелена површина предвидени се вкупно 88.35 хектари. Согласно постојната состојба, од јавните зелени површини во градот постојат уреден градски парк со површина од 9,42 ха сместен во северо- западниот дел на градот. Има и помал градски парк во центарот на градот со вкупна површина од 0,45 ха, но и зелени плоштади-скверови со вкупна површина од 2.63 ха. Од зелените површини со ограничена намена застапено е заланило во парцелите на јавните, станбените објекти, како и индустриските комплекси. Од зелените површини со специјална намена застапени се озеленети простори за гробишта со вкупна површина од 13.86ха.

-Со планската документација се зголемува просторот наменет за зеленило. Оптимален стандард на застапеност на зелени урбани инфраструктури како стратешка цел за реализација во генералниот урбанистички план е 25 м2 по жител. Имајќи го во предвид бројот на жители во Општина Струмица и наведената површина по жител од 25 м2, може да се заклучи дека потребната планирана површина за зеленило во рамки на ГУП изнесува 84,56 ха. Ова е потврда за грижата на Општина Струмица во зачувувањето на животната средина- велат од општината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот