Уште едно признание за Обрадовиќ: Избран за тренер на сезоната во АБА лигата

Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Партизан вчера уште еднаш ги израдува своите навивачи и тоа со победа против Реал Мадрид на гостински терен во четвртфиналето од Евролигата. Еден ден подоцна по ова големо признание тренерот Жељко Обрадовиќ доби ново големо признание.

Стратегот на црно-белите е избран за најдобар тренер во регионалната АБА лига.

Партизан заврши како најдобар тим во регуларниот дел од сезоната и сега во плеј-офот ќе има предност на домашниот терен. Тимот на Обрадовиќ важи за фаворит за трофејот кој во овој момент е во сопственост на Црвена Звезда.

Во гласањето Обрадовиќ освои 72% од гласовите и зад него го остави стратегот на Задар, Даниел Јусуп со 13%, а на третата позиција заврши Ненад Стефановиќ од ФМП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот