Уште еден секс скандал во Белгија: 50 Французи организирале роденденска оргија спроти ковид болница, полицијата ги фатила со дрога, алкохол и ескорт девојки

По дојава за бучава од жителите на селото Сент Мард во општината Виртон, белгиската полиција прекинала оргија со 50 голи гости и ескорт девојки кои со дрога и алкохол го прославувале 28-миот роденден на пријателка, пренесуваат британските медиуми.

Сите присутни кои ги затекнала полицијата се Французи, пренесе Брисел Тајмс. Славеничката за прославата изнајмила викендичка која се наоѓа спроти ковид болница. Сопственикот на викендичката ја издал преку посредништво и не бил свесен што се случува на неговиот имот.

Полицијата ги казни сите гости со по 230 фунти.  Тие по толку пари платиле и за да учествуваат на оргијата како и да се снабдат со дрога и алкохол. Еден од нив е обвинет за поседување азотен оксид (гас за смеење) и други дроги.

Европратеникот кој учествувал во геј-оргијата во Брисел е од Унгарија, од партијата на Виктор Орбан: Тој е гласен конзервативец против ЛГБТИ правата

Ова е втор ваков скандал во Белгија за две недели. На 4 декември бриселската полиција упадна на геј оргија.

ВИДЕО: Геј оргии, проститутки и детска порнографија – Сите скандали на луѓето блиски до Орбан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот