Уште два гола му се потребни на Роналдо (ФОТО)

twitter.com/SkySportsStatto

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во четвртокот дојде до 98 голови во репрезентативната кариера. Со својата селекција ја совлада Литванија во претпоследното коло од квалификациите за ЕУРО 2020, беше стрелец на три голови.

Фудбалерот на Јувентус би можел в недела против Луксембург да дојде до јубилејни 100 погодоци, доколку двапати се запише во листата на стрелците.

– Ништо не ме изненадува кога е во прашање Кристијано. Никогаш не сум се сомневал во него, тоа го правеле и други луѓе – рече селекторот на Португалија, Фернандо Сантош.

Рекордер по бројот на голови за национална репрезентација е Али Даеи од Иран кој за репрезентацијата постигна 109 голови, само 11 повеќе од Роналдо.

Доколку Португалија триумфира против Луксембург дефинитивно ќе се пласира на континенталниот шампионат. Може и со реми, но само доколку Србија не слави дома над Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот