Уште два дена пријавување за реонски попишувачи и инструктори

Скопје / Фото: ЕРА EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Утре завршува јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите.

Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори беше објавен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.

Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев” бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16 август 2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Досега, според податоците објавени на веб страницата на ДЗС, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 190 359 лица од дијаспората.

Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот