Стивен Виткоф i Јуриј Ушаков- Извор Х

Ушаков: На Русија можеби нема да ѝ се допадне новата верзија на мировниот план на САД

Рускиот претседателски помошник за надворешна политика, Јуриј Ушаков, смета дека на Москва можеби нема да ѝ се допаднат многу аспекти од мировниот план на САД, кој беше прилагоден по контактите со Киев.

„Не сме виделе никакви ревидирани верзии на американските проекти. Кога ќе ги видиме, можеби нема да ни се допаднат многу од нив“, изјави портпаролот на Кремљ за новинарите, објавија руските медиуми.

Ушаков нагласи дека она за што Американците се согласуваат со Европејците и Украинците мора да ѝ биде презентирано на Русија.

Зеленски во среда изјави дека Киев се согласил за клучните точки од планот за повоена реконструкција во разговорите со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, и други високи функционери.

Тој рече дека работата на „економскиот документ“ е во тек и дека Украина е „целосно усогласена со американската страна“. САД се стремат да основаат инвестициски фонд во Украина за сектори кои вклучуваат ретки земни метали, централен дел од планот за повоена реконструкција на земјата.

Москва, исто така, изрази интерес за привлекување странски инвестиции, откако „Волстрит журнал“ објави дека мировниот план на САД вклучува предлози за инвестиции во руски ретки земни метали и енергија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека нема „нерешени несогласувања“ со Вашингтон околу Украина, но додаде дека Москва сака секој мировен план да вклучува колективни безбедносни гаранции за сите вклучени страни, објави Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот