Ураганот „Милтон“ откажа или одложи преку 3.000 летови
Повеќе од 3.000 летови во САД се откажани или одложени поради ураганот Милтон.
Препорачано
„Досега се откажани 1.904 летови до или од САД, додека 1.160 летови се одложени“, се наведува на веб-страницата „Flytaver“.
На меѓународниот аеродром во Орландо откажани се повеќе од 800 летови или околу 90 отсто.
Веб-страницата наведува дека меѓународниот аеродром во Тампа регистрирал речиси 400 откажувања, додека 190 летови биле откажани во Мајами.
Ураганот „Милтон“ се очекува доцна вечерва или утре наутро по локално време да го погоди западниот брег на Флорида, но според последните извештаи, бурата загубила дел од силата и сега е во третата категорија. Опасноста и натаму е сериозна, велат метеоролозите.
Според Националната метеоролошка служба на САД, Флорида ќе ја погодат обилни врнежи од дожд и оркански ветришта и пред ураганот да стигне до копното.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
4мин
-
15мин
-
17мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


