Умерено облачно и топло време со температура до 31 степен

облачно, временска прогноза
Облачно време, илустрација / Фото: Слободен печат, архива

Времето денеска ќе биде умерено облачно и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7, информираат од УХМР.

Во Скопје, времето ќе биде умерено облачно и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за изолирана појава на град. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот